Извозот на стоки во 2012 година учествувал во Бруто домашниот производ во Северна Македонија со 30,4%, а во 2018 година е зголемен за 50% и изнесувал 45,5%, според извештајот на Светската трговска организација, објави на својот facebook профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Ја разбираме потребата од фалење на владејачката гарнитура, но сепак сме убедени дека Спасовски наместо да објавува податоци за достигнувања што не се во неговиот ресор, можеше да собере храброст и да ни ја раскаже вистинската сторија за заминувањето/бегството на Никола Груевски. На приказната со гепекот никој не поверува, ама вие си знаете де.