|

РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ПО ТРЕТИОТ УБИЕЦ НА САЗДО

Распишана е потерница за третоосомничениот за убиството на Никола Сазадовски- Саздо, Јетон Љужа кој од денеска ќе биде баран и од Интерпол. Неговата фотографија и лични податоци се веќе поставени на сајтот на МВР.Во меѓувреме, останатите двајца осомничени се во притвор и се очекува уште еднаш наредната недела да бидат однесени на распит во обвинителството за да се соочат со доказите за делото убиство извршено на свиреп начин. Никола Саздовски викан Саздо беше претепан до смрт на 29 јуни, на  автобуска станица среде бел ден во Автокоманда. Според вештачењата тој бил претепан со голи раце, без употреба на предмети. Мотивите допрва треба да бидат објавени.

Слични Објави