Царовска: Очекуваме враќање на сите ученици во училиштата, но подготвени сме и за уште две други сценарија
Системот на образование е подготвен за три сценарија за новата учебна година – целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно здравствени протоколи и доколку биде стабилна епидемиолошката состојба. Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека тоа е најдоброто и најпосакувано сценарио кај сите во Владата.
-За тоа ќе одлучува Комисијата за заразни болести, но сите очекуваме состојбата во летниот период и во септември биде добра и затоа очекуваме ова сценарио да биде спроведливо, рече денеска Царовска, но МОН е подготвено и за две други – второ сценарио според кое наставата ќе биде како и во 2020/2021 – дел со физичко присуство и дел на онлајн-настава, и трето сценарио – во не многу критична состојба, поделба во групи односно ротирање на учениците на една недела за физичко присуство во училиштата за да нема нивно целосно затворање, јавува Зоом.мк
Целиот напис можете да го видите овде.

