Заев очекува низ дебата да се сфати придонесот на еколошката такса за животната средина
Воведувањето еколошка такса на горивата што е предвидено од 1 јули годинава според премиерот Зоран Заев ќе се компензира со тоа што се очекува да се укине воведената акциза од два денара на горивата. Иако се најавени блокади во Парламентот верува дека врз основа на дебата ќе се сфати колку е тоа драгоцено и важно.
-Еколошката такса се воведува во момент кога се укинува акцизата од три денари што ја донесовме за време на корона-кризата. Сега барел нафта е 596 долари, ако помине нафтата на берзите 600 долари, а се очекува да се случи деновиве, ќе се укинат и двата денари акциза, така што имаме едно компензирање со што акумулираме еден еколошки фонд, рече премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање, по отворање на нова спортска сала во во ООУ „Јоаким Крчоски“ во село Волково, јавува Зоом.мк
Целиот напис можете да го видите овде.