Битиќи: Очекувам да бидат донесени потребните законски измени за воведување зелена еколошка такса
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се надева дека опозициските и сите останати пратеници во најбрзо време ќе ги донесат потребните законски измени за воведување на зелена еколошка такса.
– Дали тоа ќе биде за 15 дена или за еден месец, можеби е работа на денови, но мислам дека ќе бидат донесени и не верувам дека ќе се случи спротивното. Денеска видовме одличен систем кој дава слика колкав е диспаритетот во нашата земја меѓу регионите. Како земја, да имавме претходно доблест и разум, денеска немаше да зборуваме за 0,25 отсто инвестирање во регионите од БДП, туку ќе зборувавме за над еден отсто. Но, бидејќи тоа го немаме, ќе повикам на разум за еколошката такса затоа што значи инвестирање за нашите граѓани, а не инвестирање во што било, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање по презентацијата на проектот Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој (Си Ре Ра).
Според него, ако сакаме да живееме во подобро утре во кое ќе имаме позитивно влијание и подобар живот за сите граѓани, битен е секој денар, а токму еколошката такса е еден од изворите на финансирање на проектите што се од значење за граѓаните, јавува Зоом.мк
Целиот напис можете да го видите овде.