„Skopje Fellowship“ повторно ги поврза издавачите од Балканот во БКИЦ Скопје
Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје на 15 септември по четврти пат беше домаќин на средбата „Skopje Fellowship“, која е дел од програмата на 14. издание на Меѓународниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“.
Програмата „Skopje Fellowship“ годинава се одржува по 13. пат и обединува издавачи и литературен агент од Бугарија, Грција, Албанија и Словенија.
За време на престојот во Скопје, учесниците се сретнаа со претставници на Асоцијацијата на издавачите во Северна Македонија и со претставници на други домашни издавачки куќи.

