Бугарскиот град Габрово е домаќин на годишната средба на креативните градови на УНЕСКО
Габрово од 16 до 20 септември 2026 година ќе биде домаќин на Годишната средба на подмрежата „Занаети и фолклорна уметност“ во рамките на Мрежата на креативни градови на УНЕСКО, соопшти Општина Габрово, пренесува Радио Бугарија.
На средбата ќе учествуваат претставници на градови од целиот свет, кои ќе разменуваат искуства и добри практики во областа на културата, традиционалните занаети и уметноста.
Во подмрежата „Занаети и фолклорна уметност“ членуваат 80 градови од 55 држави.
Средбата ќе се одржи под мотото „Градење мирен свет преку човечката креативност“, со акцент на улогата на творештвото во услови на технолошки промени и глобални предизвици.
