Бугарските спортисти со Даунов синдром освоија уште четири медали на Европските игри во Прага
Бугарските спортисти со Даунов синдром продолжуваат да редат успеси на Европските игри во атлетика и тенис кои се одржуваат во чешката престолнина Прага, јавува БГНЕС. Во вториот натпреварувачки ден, тие освоија уште четири медали – два златни, еден сребрен и еден бронзен.
Александар Асенов, кој веќе триумфираше во спринтот на 100 метри, ја освои и титулата во скок во далечина со резултат од 4 метри и 36 сантиметри. Радена Ангелова, по златото на 1500 метри спортско одење, додаде уште едно прво место на 800 метри, завршувајќи со време од 6 минути, 35 секунди и 58 стотинки. Во истата дисциплина кај мажите, Светослав Богданов се закити со бронзен медал со резултат од 6 минути, 11 секунди и 3 стотинки.
Успесите на тимот ги надополни Пламен Павлов кој освои сребро во тенис турнирот. Во натпреварот во мешани двојки, Павлов и неговата чешка партнерка Баброа Жикхова загубија во финалето од турскиот двоец Ашик Берфин и Али Мехмет Кахрамат.
Со овие нови одличја, бугарските спортисти досега имаат вкупно 9 медали за два дена – 5 златни, 2 сребрени и 2 бронзени. Денес, бугарското учество продолжува со спринтот на 200 метри и финалето во фрлање ѓуле.
