| |

Support Kocani: Денеска пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Во Кочани денеска пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година.

Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица. Облеката беше испорачана во понеделник навечер, а веќе денеска е доставена на Општата болница во Кочани.

Пред два дена Support Kocani ја исплати во целост фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари. Ова на својата Facebook страна го објави самата иницијатива.

Тие упатија благодарност до сите што донираат за настраданите од пожарот во Кочани.

Втората пратка компресивна облека повторно доаѓа преку бугарската фирма Health 2000 ЕООД.

Слични Објави