ЌЕ ПАДНЕ ЛИ ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИ- МИЦКОСКИ И ЗАЕВ ВО 18:30 НА СРЕДБА СО ПЕНДАРОВСКИ

Договорена е средбата меѓу лидерите на двете најголеми македонски партии, Христијан Мицкоси и Зоран Заев по повикот на Претседателот Пендаровски вечерва во 18:30 часот во Вила Водно, јавува Алфа.

Двајцата лидери и шефот на државата ќе разговараат за изборниот ден, откако Пендаровски денеска итно ги повика да се сретнат и да одлучат кога ќе се одржат изборите.