АКТЕРКАТА СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ОБВИНЕТА ЗА ШВЕРЦ НА КОКАИН
По неколку месечна истрага Јавно обвинителство поднесе обвинение против актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер, Воислав Будисавјевиќ, кој е е првоосомничен за организирање на шверц со кокаин и се води како еден од водачите на меѓународната криминална група која била предмет на обработка на американската ДЕА, шпанските и македонските безбедносни служби, пренесува Фокус.
Стојановска и нејзиниот сопруг се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
„Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама. Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Р. Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа“, соопшти Обвинителството.

