АНТИКОРУПЦИСКА СО ПРЕДМЕТ ЗА ПРВИОТ СЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ НА ВЛАДАТА

Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за првиот сет економски мерки и побарала од Владата документи и податоци за тоа кој добил, а кој бил одбиен и зошто, информираше на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, пренесува Плусинфо.

Прашана дали ќе се истражува можен судир на интереси за Кочо Анѓушев, кој како советник во Владата учествува во креирањето на мерките, Ивановска, рече дека тоа е веќе предмет на истражување и до Владата е доставено барање за потребните податоци за предметот кој се однесува за првата мерка, каде што приматели на државната помош се и фирми со добра финансиска кондиција, по пријава од други фирми кои се одбиени.

„Аргумент плус, што го кажувате дека како советник учествува за да добие од друга страна економска корист, затоа што како економски советник може да влијае во утврдувањето на критериумите кои ќе ја формираат мерката. Во таа насока би одело нашето разгледување на предметот“ изјави Ивановска.