Оливер Андонов пред БГНЕС: Уставните измени не се „бугарски диктат“, туку одлука на ЕУ
Додека Македонија не започне преговори со ЕУ, додека не ги нормализира односите со Бугарија, двете земји ќе бидат дел од проруската приказна за Балканот која има за цел да го претвори регионот во црна дупка за Европа.
Само луѓе кои сакаат да го исплашат народот со некакви теории на заговор велат дека со уставните измени ќе го изгубиме идентитетот. Она што некои македонски политичари го нарекуваат „бугарски диктат“ е всушност одлука на Европската Унија.
Ова во интервју за БГНЕС го изјави политичарот од Северна Македонија Оливер Андонов, универзитетски професор и претставник на „фракцијата за демократизација и ревитализација“ на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше министер за внатрешни работи во владата на Емил Димитриев 1 ден, а потоа е заменик министер за внатрешни работи.Со него го коментираме прашањето зошто за Северна Македонија е важно усвојувањето на уставните измени и вклучувањето на Бугарите во Уставот, нешто што го попречува европскиот процес и зошто некои политичари во Скопје се обидуваат да го претстават европскиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ како „бугарски диктат“.
Андонов истакна дека уставните измени се важни за нормализирање на односите со Бугарија.
„Важни се и затоа што тоа е една од главните причини за ненормалните односи, кои не се природни за две соседни и блиски земји. По целата сага што ја доживеавме како нација и народ, која се создаваше со векови, дојде моментот кога сме различен народ од бугарскиот народ и тоа да биде запишано во Уставот“, изјави тој. Според него, уставните измени се неопходни за „да се ослободи македонскиот народ од шовинистичките чувства кон бугарскиот народ“, како и да се „ослободи бугарскиот народ од старателството врз македонскиот народ“.
„Апстрахирајќи од историјата, денес е факт дека постојат два различни народи. Ова е важно од гледна точка на нормален, јавен, социјален и европски дух на развој на двете држави, двата народа и двете нации. Од европска гледна точка, одлуката е важна, бидејќи Македонија ќе може да стане полноправна членка на ЕУ, да се развива и во нормални услови да побара од Бугарија отворена и пријателска поддршка, што се сомневам дека Бугарија ќе ја одбие. Таа ќе се согласи да не поддржи на било кој начин“, истакна Андонов и додаде: Уставните промени се неопходни за да се демократизира македонското општество, а со тоа и дополнително да се демократизира бугарското општество, „бидејќи ќе бидеме поврзани и ќе продолжиме да живееме заедно во иднина.
Поранешниот министер го коментираше однесувањето на партиските лидери во Северна Македонија, кои во последните месеци се „натпреваруваат“ да покажат кој е поголем патриот. На прашањето зошто политичарите не ја кажуваат вистината за историските водачи на ВМРО, кои се дефинирале како Бугари, универзитетскиот професор одговори:
„Оваа работа ја нарекувам задоцнет националромантизам од 19 век што го користеа некои луѓе во 21 век за политички интереси за да дојдат на власт. Спорот за историските прашања, во врска со националното самоопределување на историските личности од ВМРО, е спор за кој историчарите мора да зборуваат и да докажат – кој за што се борел, како се чувствувал, кон која Црква се определил итн.”
„Ние, што се однесува до ВМРО, понекогаш имаме шизофрено однесување, за жал. На пример, во ВМРО-ДПМНЕ нашиот штаб се вика „Христо Татарчев“ и денес ние како партија имаме проблем со Бугарите – вака изгледа според раководството. Но, ако вашиот штаб се вика „Христо Татарчев“, а тој оставил документи за неговата припадност, зачудувачки е да се следи таков наратив“, рече Андонов.
На прашањето зошто политичката класа во Северна Македонија ги мами граѓаните дека уставните реформи ќе им го украдат идентитетот, поранешниот министер истакна дека се чувствува како Македонец и ништо не може да му ја одземе националната самодоверба. Дали ќе погледнеме наназад и ќе бараме бугарски корени, дали ќе им се вратиме на Адам и Ева, јас сум осознаен како Македонец и таков сум пред светот“, рече тој.
„Изненаден сум кога некој ќе се обиде да ме убеди дека со вклучувањето на Бугарите во македонскиот устав ќе го изгубиме идентитетот. Ова може да го кажат само луѓе кои не се сигурни во себе или луѓе кои сакаат да го исплашат народот со некакви теории на заговор од кои нешто ќе изгубиме. Ова е направено од политички причини за да се задржи нестабилноста во регионот. Додека Македонија не започне преговори со ЕУ, додека не ги нормализира односите со Бугарија, двете земји ќе бидат дел од една проруска идеја на Балканот, која има за цел Балканот да го претвори во црна дупка за Европа“, потенцира Оливер Андонов.
Тој истакна дека не го смета т.н „Француски предлог“ за бугарски диктат – став кој често го искажуваат челниците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова не го нарекувам бугарски диктат, тоа е став на Европската унија. Ако се вратиме на месец декември 2020 година, Бугарија се обиде да ги внесе историските прашања во преговарачката рамка. На ова се спротивставија Чесите и Словаците и тоа е сосема логично. Ако во модерна Европа ја објаснуваме историјата, повторно ќе треба да се убиваме. Она што некои македонски политичари го нарекуваат „бугарски диктат“ е одлука на Европската Унија. Ние го нарекуваме „француски предлог“, но тој е на ЕУ. Предлогот е таков каков што е“, рече Андонов.
Тој не сакаше да прогнозира кога ќе се донесат уставните измени, но изрази став дека доколку тоа не се случи наскоро ќе настрада РСМ.
„Ако тоа не се случи, природата на политичките настани ќе биде лоша за Македонија. Убеден сум дека ако се случат уставните измени ќе одиме многу побрзо на патот на преговорите. Ќе можеме да дојдеме до разбирање со Бугарија за историските спорови кои создаваат тешкотии и тие мора да бидат аргументирани за да се гледа напред. Повторувам дека причина за сето ова е исклучителното руско влијание во регионот, така што тоа е проблематично за Европа“, рече во заклучок Оливер Андонов.

