ОБИД ЗА КРАЖБА НА СТОЛБ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ЧАИР

Спречена кражба на еден од столбовите за улично осветлување на улицата Цветан Димов во Чаир.

Инцидентот се случил вчера, а за него преку социјалната мрежа Фејсбук информираше скопскиот градоначаник, Петре Шилегов.

„Благодарение на совесните граѓани кои го пријавија случајот, сторителите беа фатени на дело, заработија казни од градската инспекција и полицијата, а до крајот на денот столбот беше повторно подигнат на истото место“ напиша Шилегов.