| |

ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ И СДСМ СЕ ЛАЖАТ ДОКОЛКУ МИСЛАТ ДЕКА СО МАНИПУЛАЦИИ ИЛИ РАСПРОДАВАЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ И НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ ЌЕ УСПЕАТ ДА СИ ОБЕЗБЕДАТ АМНЕСТИЈА

Зоран Заев е во очај и паника. Фатен е во криминал и тој и членовите на картелот. Затоа мора да туркаат лажни обвинувања и да прогласуваат предавници, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Фатени се како се обидуваат да украдат 45 милиони евра за само неколку денови. Заев и СДСМ се лажат доколку мислат дека со врескање, манипулации или распродавање на државните и национални интереси ќе успеат да си обезбедат амнестија.

СДСМ и Заев се во изолација од народот. СДСМ се сведе на изолирана група на власт чија поддршка за работата во јавноста се сведе на поединецот кој играше пред бината на техно звуците на владината забава во Охрид.

Заев и СДСМ по само 14 месеци се покажаа во полно светло: афери за криминални тендери и трговија со највисоките национални интереси.

Антидржавно и антиевропски е да се распредели фондот за иновации на фирмите на вицепремиерот, на советничката на премиерот, на пратеници на власта.

Антимакедонски и анти-НАТО е обидот да се земат 35 милиони евра на наместен тендер за проект кој е лош за здравството и на штета на македонските граѓани.

Изолационизам е однесувањето кога милиони и милиони државни пари се слеваат на сметки на спонзори на СДСМ и фирми на картелот на власт, а граѓаните тонат во сиромаштија со економија која е НУЛА!

На Зоран Заев и на неговите послушници им е јасно дека се прочитани, дека обвинувањата кон опозицијата се смешни и дека нивното предавство нема да им помине затскриено под ЕУ и НАТО. Дури и ЕУ и НАТО ги прочитаа и ги одложија интеграциите за друго идно време.

На Заев и на СДСМ им е јасно дека ќе дојде промена, дека судството ќе се ослободи од канџите на кланот на аболицираниот и дека сите ќе одговараат за криминалот врз државата вклучително и предавството.

Македонија тогаш ќе тргне по европскиот пат и Македонија ќе победи, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави