ВЕЛЕШАНЕЦ ПОД ИСТРАГА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА ВО БИТОЛА
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истрага против едно лице осомничено за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
„Осомничениот 38-годишен жител на Велес, на 6 август, неовластено заради продажба во својот автомобил превезувал 4.223,39 грама наркотична дрога марихуана и 1,98 грама амфетамин. Дрогата била откриена при сообраќајна контрола на неговото возило, во близина на една бензинска пумпа на патниот правец А3 Ресен – Битола“ се наведува во соопштението.
Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му изрече притвор во траење од 30 дена.