|

Осми ден протест против францускиот предлог

Вечерва во 19 часот започна осмиот  протест против францускиот предлог. Како и претходните денови, демонстрантите се собираат пред зградата на Владата, од каде што маршираат низ центарот на градот.

Тие поминуваат пред зградата на Министерството за правда, од каде што се упатуваат кон последната точка – Собранието.

Протестите се поддржани и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и се под мотото „Ултиматум НЕ благодарам“.



Слични Објави