|

МНР: Продолжува потрагата по исчезнатиот македонски државјанин во Грција

Министерството за надворешни работи соопшти дека во текот на денешниот ден продолжија активностите на грчките служби за потрагата по исчезнатиот македонски државјанин во Грција. Последните информации од грчките службите се дека потрагата ќе продолжи утре наутро, штом условите ќе го дозволат тоа, соопшти МНР.

Во потрагата се вклучени грчката крајбрежна стража и бројни локални волонтери

Во текот на вечерните часови, во Грција пристигна и мајката на исчезнатиот граѓанин М.Ј., пречекана од генералниот конзул во Солун, кој продолжува одблиску да комуницира со грчките надлежни авторитети и е на располагање за секаква потребна асистенција.

Претходно денеска МНР соопшти дека здравствената состојба на двајцата државјани кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра, тие се наоѓаат во болница и се очекува нивно брзо пуштање од болница.

– Нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и секоја информација навремено ќе биде пренесена, велат од МНР и упатија благодарност до крајбрежната стража на Грција, грчкото воено воздухопловство и локалното население/волонтерите вклучени во потрагата за нивниот неизмерен труд и пожртвуваност.

Извор: zoom.mk



Слични Објави