|

Јордан ја пушти од воздух најголемата помош за Газа досега

Јордан денеска објави дека во соработка со Соединетите Американски Држави, Франција и Египет го изврши најголемото авионско испуштање храна и хуманитарна помош во Појасот Газа. Во операцијата учествуваа три авиони на јорданските вооружени сили, три американски авиони, еден египетски и еден француски авион.

Беше испуштена помош на северот на Газа. Пакетите прикачени на падобраните вклучуваат помош од Светската програма за храна, соопштија јорданските вооружени сили.

Јордан испорачува храна и резерви во Газа по воздушен пат од ноември.

Неодамна, други земји почнаа да се приклучуваат на овие операции.

Слични Објави