|

„Комунална хигиена“: Плоштадот Македонија секојдневно се мие

Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на градот Скопје, ЈП Комунална хигиена Скопје изведе активности за
машинско и рачно миење на плоштадот Македонија, информираат од таму.

Со цел, како што велат, одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на јавните површини, особено во летниот период , ЈП Комунална хигиена Скопје спроведува секојдневно миење на плоштадот Македонија.

„Машинското и рачното миење на плоштадот се изведе со автоцистерни. Одржувањето на хигиената се одвива во доцните ноќни часови, односно во рамките на третата оперативна смена, кога е намалена фреквенцијата на пешаци“, се нагласува во соопштението.

Слични Објави