| |

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПРАТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА

Павле Богоевски на денешната седница на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, која треба да одлучи за одземање на мандатот на Никола Груевски, ја најави својата оставка од пратеничката функција ,истакнувајќи дека ако во македонското Собрание нема место за пратеник што го прекршил законот за нарачка на масло од канабис за лек за своја блиска особа, сигурно е дека во истото Собрание нема место за Никола Груевски кој ги троши парите на граѓаните, барајќи хотел во Будимпешта додека е во бегство. Богоевски ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, да покажат одговорност и морал и да прекинат да го штитат Никола Груевски.

Богоевски истакна дека последното негово гласање во Парламентот ќе биде неговото гласање за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски.

Пратеникот во оставка на СДСМ им се заблагодари на своите политички противници за тоа што го направиле посилен човек.

Слични Објави