ДУИ: Алијанса за Албанците стои зад насилството на демонстрантите и навредите кон жените

/

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока згрозеност од обидите на Алијансата за Албанците да ја скрие нејзината рака и преку протести да ја злоупотреби трагедијата на модуларната болница во Тетово што ја потресе целата земја.

Вчерашниот насилен и навредлив протестен марш кон положбата на жената е уште еден доказ за оваа скриена намера.

Јасен доказ дека изразеното насилство и оцрнување на жените aлбанки на вчерашните протести носи печат на Села и Таравари се фотографиите од протестот, на кои јасно се гледа присуството на членови на високата партиска структура на Алијансата за Албанците, вклучително и потпретседателката на огранокот Нука Бајрами и не само, но и директните повици објавени на Фејсбук од страна на Арбен Зеќири, одговорно лице на Алијансата за медиумите, да учествуваат во протестите.

Демократската Унија за Интеграција цени дека наместо осуда и дистанцирање од насилство и навредливи пароли, Алијансата за Албанците докажа дека го поддржува нискиот гест на навреда кон општествената положба на жените и го поддржува насилството на демонстрантите со криминално досие.



Демократската Унија за Интеграција уште еднаш изразува искрено сочувство до семејствата и ги повикува сите политички партии да не ја злоупотребуваат болката на семејствата на жртвите за површни предизборни политички придобивки, се наведува во партиското соопштение.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Алијанса за Албанците: Ги осудуваме апсењата и бараме итно ослободување на демонстрантите

Следна статија

(Видео) Хусрев: Нема да признаеме помала бројка од 7% на Турците во РС Македонија

Најново од Вести