(ВИДЕО) ЃОРЃИ ТРЕНДАФИЛОВ: ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ!

„Со писмо ќе се обратиме до претседателот на Републиката, во пресрет настапаување со работа на новото Министерство за политички систем, бидејќи Министерството за правда има само еден разговор минатата година и тој разговор е повеќе да се видиме на кафе отколку да излезе некаков резултат.

Претседателот на Републиката да биде покровител на разговорите кои треба да резултираат со промена на изборното законодавство, и со промена на изборните модели на општи избори на земјава. Тие се за претседател, за Парламент и на локално ниво, за Советите и градоначалниците.

Да се воведе активно гласачко право, значи да завршиме ние со милион и осамсто, милион и деветсто или колку и да се во земјава, и секогаш да има недостатоци како што имаше и сега. Да се намали бројот на пратениците, да се востанови отворена листа. Тоа што важи за парламентарните да важи и за локалните избори. За Парламентот, членовите да се намалат од досегашните 120 на 90 и Советите да се намалат“, изјави Ѓорѓи Трендафилов, претседавачот на Националниот комитет на ГДУ, во емисијата „Анализи и коментари“.