|

Министерството за здравство купи најсофистицирани и најсовремени апарати за Клиниката за урологија

Министерството за здравство купи најсофистицирани и најсовремени апарати за Клиниката за урологија за хируршки зафати за пациенти. Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување тука, соопшти министерството.

„ Станува збор за CR рентген, лапараскопски стол и ласер Тулиум кои се всушност последниот крик во медицината во областа на хирургијата, а веќе составен дел од операционите сали на Клиниката за урологија“ велат од министерството.

Попладнево министерот за здравство Венко Филипче ги посети неговите колеги на Урологија, на тимот предводен од д-р Сашо Дохчев и му посака уште многу успешни операции.

„ Нашата грижа за пациентите продолжува. Пациентите заслужуваат здравствен систем по европски терк и наша цел е во целост да го спроведеме тоа“ кажа министерот Филипче на неформалната средба.



Слични Објави