| |

КОМИСИСКА СЕДНИЦА ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ ПО БЛОКАДАТА НА ФРАНЦИЈА

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, за утре закажа тематска седница на Комисијата посветена на евроинтегративните процеси во Република Северна Македонија по самитот на Европскиот совет што се одржа овој месец, а на кој земјава не доби датум за почеток на преговорите.

На седницата се очекува свои обраќања да имаат вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

На седницата се поканети сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница и други.

Седницата ќе се одржи со почеток од 10 часот.

Извор: Макфакс



Слични Објави