ГДУ: ЧЕСТИТКИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА КОНСЕНЗУСОТ КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ
„Им честитаме на членовите на македонскиот Парламeнт кои одважно им се придружија на судиите од Уставниот суд и си доделија средства од буџетот на Република Македонија. – 30%, 30% – Кој ти ги дава!
Над 20 партии се во законодавниот дом, но ниту една не се спротистави, ваков политички консензус македонската политика не памети.Сигурно им се расипани принтерите и не можат да „спремаат“ амандмани, или пак уживаат во тоа како „крцкаат паричињата”?!
Подобро се протестира вака! – веројатно ќе крикнат од „Патриотскиот институт“ додека ни бранат „јазик, нација, историја, живот, смрт“…
Комсомолците на Владата пак, и понатаму можат да продолжат со својата „џоинт политика“ – Сите ве сакаме! ЕУ или ништо!“, се вели во соопштението на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.
Што се однесува до дополнителни средства за јавното здравство, „тријажни центри, модуларни болници, медицински сестри и слични дребулии“ арам да им е на Каракачанов и Захариева, така да си знаат!

