| |

ИМПЕРАТИВЕН КРАЈ ЗА БЕСПРАВНИТЕ НЕСТРУЧНОСТИ

Редно е да се стишат страстите во редовите на актуелната македонска владеачка гарнитура со давање предност на знаењата и науката, а не на долгопрактукуваната на овие простори примитивна диктатура со озаконување на незаконитото и тоа само со миење мозоци и насилство…како што пред две децении го правеше Тито Петковски не разбирајќи дека термините “национален“ и “ националност“ првенствено се врзуваат за поимите “државен“, “државјанство“, па своеволно ни наметнуваше етнички колоритна лексика употреблива како таква само предизвикување забуна и тоа само на македонско тло.

За жал тој тренд на наметнато непознавање на лингвистичкиот вокабулар и денес е актуелен кај старо-новите политички гарнитури од власта кои ни го навестија на економско-технолошки-правен начин отсуството на јазичен афинитет кај Заев со договорениот двојазичен заговор во Швајцарија, Шеќеринска со настапот пред една и половина година на Алсат кај Назим, барајќи од кај нас да се праќаат во странство лектори по македонски и албански јазик и на Дескоска на истиот ТВ канал, на која и’ порачувам да не се бави со нејасни термини од типот на “специјални“ јазици (која можеби сака да ги аплицира во служба на кулинарство, мода, спорт ит.н) можеби со цел да пласира табу тема на која “не сака“ да и’ се реплицира??? Сите овие непотковани за други струки моќници треба да сфатат дека пред науката дури и Хелсиншкиот комитет отстапува место на дијалог а не на закани со помош на некои наши тамошни претставници…..

Со цел да ги појасниме основните јазични законитости поврзани со поделбата на европските јазици наведуваме дека некои ограничувања се поврзуваат со рангирање на западноевропските јазици во кентум група (од латинскиот збор centum = 100), и сатем група (од зборот “сто“) во која влегуваат источноевропските јазици со сите словенски јазици, но и со албанскиот.

Се работи за стандардни јазици во кои е вклучен македонскиот признат на меѓународно и европско ниво како кодифициран словенски јазик. Сепак главната поделба на европските јазици се сведува на синтетички или јазици со падежи кои обично немаат членувана форма (германскиот јазик, албанскиот јазик, сите словенски јазици – освен македонскиот и бугарскиот јазик) и аналитички – јазици без падешка форма но со членувана форма (членот во македонскиот и бугарскиот има постпозитивна слеана со именката структура, за разлика од западноевропските аналитички јазици со препозитивен член или оној што и’ претходи на именката како што се романските јазици – француски, италијански, шпански, португалски, но и англискиот и некои др. од германската група јазици…)

Поаѓајќи од последнава јазична поделба од европски аспект се забележува еден куриозитет кај официјалниот за Албанија службен албанско тоскиски јазик кој има помалку падежи (4) од гегискиот дијалект застапен кај нас со 7 падежи. Албанскиот службен јазик и гегискиот дијалект меѓусебно доста се разликуваат по лексичките и интонативните – акцентските особености (по чиј критериум во денешно време многу јазици се групираат). Како демократски изградени личности, потковани од областа на сопствената професија пледираме гегискиот дијалект да не се наметнува насилно како јазик, зашто неважечко е се’ што диктаторски се импутира без дебатирање, без консултирање со македонските и европските стручни јазични служби, како и без јавно одобрување преку избори од граѓаните во Македонската држава

Според европските јазични правила не се озаконуваат како стандардни јазици дијалектите, како што е гегискиот дијалект, неприфатен за јазик од албанските лингвисти во Тирана. Тоа значи дека т.н. “закон за јазици“ насила спроведен преку Тирана во Македонија без консултации со стручни лица од земјава (МАНУ, Филолошки факултет, Институт за македонски јазик)…или на европско ниво (Европскиот центар за живи јазици од Грац и Одделението за поделба на јазиците од Стразбург), без референдум, без можност за дебатирање, всушност е антиевропска пародија а не закон, зашто според прописите на европските јазични центри од Грац и Стразбург НЕ СЕ ПРИЗНАВА ГЕГИСКИ ДИЈАЛЕКТ (каков што кај нас и во Косово се наметнал, на што југо властите не обраќаа внимание, ништо не контролираа и не комуницираа со Тирана долго време. Стандардниот албански е поразличен, тој има тоскиско потекло.

Всушност во повеќе наврати почнувајќи од 2000 г. лингвистите од Тирана на франкофонските состаноци во Париз и Букурешт укажуваа на тој факт и бараа да се преземат конкретни мерки. Никаде во светот не постојат два паралелни јазици, од кои едниот е дијалект. Тоа е нешто слично како на пр. гевгелискиот дијалект еден ден да стане јазик за сите граѓани од Егејска Македонија со словенско потекло (зашто таму токму тој говор се практикува) што е недопустиво за јазичните правила Францускиот јазик се зборува во Франција, Белгија, Швајцарија, Квебек, во повеќе африкански земји но насекаде таму станува збор за француски стандарден јазик со некои лексички додавки како влијание на локално ниво. Истото важи за англискиот јазик практикуван надвор од Англија.

Автор: Д-р Дореана Христова, редовен професор на Филолошки факултет во Скопје



Слични Објави