| |

Штрајк на просветните работници во Словенија

Во организација на Синдикатот на вработените во образованието и науката (СВИЗ) денеска во Словенија се одржува штрајк на професорите, наставниците и останатите работници во образовниот сектор.
Според Синдикатот на вработените во образованието и науката , кој е организатор на штрајкот, во него се вклучиле околу 37.000 вработени во образованието,  од околу 1.000 образовни институции.

„Бараме просечната учителска плата да се зголеми за 10 проценти, бидејќи професорите добиваат значително пониски плати од луѓето со сличен степен на образование“, изјави портпаролот на учителскиот синдикат на Словенија.

СВИЗ се закани со радикализација на штрајкот, доколку Владата не прифати преговори за синдикалните барања.

Слични Објави