|

Автомобил влетал во пешаци на аеродром во Германија, неколку лица повредени

Непознат маж со својот автомобил влетал во пешаци во паркинг-гаражата на аеродромот „Келн-Бон“ на западот од земјата, при што повредил неколку лица. Според локалната полиција, мажот удрил и во неколку автомобили, пренесуваат германските медиуми.

Полицијата соопшти дека има индиции оти мажот имал проблеми со менталното здравје.

Како што дознава „Билд“, мажот давал отпор при апсењето пред полицијата да го совлада. Повредени се и двајца полицајци.

 



Слични Објави