МЛАДИОТ ПИЈАНИСТ АРДА МУСТАФАОГЛУ ПОВТОРНО СО ПРВА НАГРАДА

//

Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место на меѓународниот натпревар за млади пијанисти „Уметност и мир“ (Kunst und Frieden), кој се одржа на 25-ти и 26 јули во германскот град Хамелбург.

Оваа награда е само едно во редот достигнувања откако младиот пијанист го освои прво местото на натпреварот „eMuse” во Грција, третото место во ноември на пијано-натпреварот „Triomphe de l’Art“ во Големата сала на Кралскиот конзерваториум во Брисел (Белгија), како и на солистичките концерти во Париз и Сремска Митровица, настапите во Модан, Франција, и во концертната сала „Мегарон“ во Атина.

Во август оваа година Арда ќе има настапи во неколку германски градови, а потоа ќе се претстави и со солистички концерти пред дмашната публика.



Настапите во Франција и Германија се поддржани од Министерството за култура.

Претходна статија

ОД ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА СМИРУВААТ: ПЕЧКАТА ЗА СОГОРУВАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ ОТПАД НЕ ЗАГАДУВА

Следна статија

ХАН ИЗРАЗИ УВЕРУВАЊЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ СЛЕДНАТА ГОДИНА

Најново од Вести