Во Република Северна Македонија денеска е отворен Почесен конзулат на Грузија со седиште во Скопје, со кој ќе раководи проф. д-р Марко Андонов, декан на Факултетот за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Конзултатот треба да даде нов импулс во продлабочувањето на соработката помеѓу двете држави и народи во повеќе области по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Тбилиси во 2019 година. На отворањето во присуство на претставници на деловната и академската заедница, МНР и дипломатскиот кор, како и државјани на Грузија кои живеат и работат во Република Северна Македонија. свои куси обраќање имаа почесниот конзул Андонов и амбасадорката на Грузија за С Македонија, со седиште во Скопје, Тамара Лилуашвили.