ДИМИТРОВ ПО 14-ОТ СОСТАНОК НА СОВЕТОТ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА (ВИДЕО)

/

Благодарност за позитивните зборови, за препознавањето на нашиот прогрес. Пред една година, речиси, на претходниот Совет, зборувавме дека ќе ја вратиме Република Македонија на правиот пат, на европскиот пат. Мислам дека нема сомнеж кај никого, денес, една година подоцна, дека сме на правиот пат – значи, не само што тоа го кажавме туку тоа и го спроведовме и ќе продолжиме да го спроведуваме.

Не можам, а да не ја споменам поканата од Алијансата, од земјите членки на НАТО, тоа е едно големо охрабрување, една од двете главни стратешки цели уште од независноста во 1991 година конечно се отвора. Охрабрување беше и одлуката на Европскиот Совет каде што се вели дека се отвора патот за почеток на преговори во јуни 2019 година.




Иако е петок 13-ти, 14-тиот Совет помина многу добро и тоа поради добри причини затоа што успеавме да оствариме резултати дома. Им дадовме основно ветување на граѓаните, кое произлезе како резултат од кризата на слабите институции, дека ќе изградиме поинаков вид демократија во нашата држава, и тоа е нашата крајна цел. Пристапниот процес ќе ни помогне затоа што е најдобрата реформска алатка што ни е достапна и ќе ни треба време. Некои работи беа релативно брзи – мислам дека значително ја подобривме слободата на медиумите. За некои работи ќе ни биде потребно релативно повеќе време, како за тоа да осигуриме дека владеењето на правото важи еднакво за сите и дека со државата ќе управуваат законите, а не личност, но имаме мошне конкретни резултати за да им ги претставиме на оние земји членки што сè уште не се убедени. Не се сомневам дека во претстојните месеци и наредната пролет сите ќе сакаат да бидат дел од, да речеме, едногласното препознавање на нашиот успех и политичката одлука за почеток на преговори.

Дополнително, втората работа, имаме регион што изгубил време. Mислам дека немаме време за губење, мораме да се подобриме, треба да се соочиме со проблемите и да ги решиме. Ова општество, нашето општество сега е поодлучно и позрело од кога било претходно за да го направи ова и покажавме дека можеме да го исполниме тоа што го ветуваме, и со Атина и со Софија, затоа што се потребни двајца за танго. И мислам дека покажавме дека регионот не само што создава историја туку може да консумира историја и да создаде иднина. Така, мислам дека е доволно да завршам овде и се надевам дека наредниот совет, петнаесеттиот, повеќе или помалку ќе се совпадне со меѓувладината конференција што ќе го одбележи почетокот на пристапниот процес.



Претходна статија

ПО ДЕВЕТ МЕСЕЦИ – КОЧАНИ Е ОПШТИНА БЕЗ ДОЛГОВИ

Следна статија

ЗАЕВ: ПРО-РУСКИ БИЗНИСМЕНИ СПОНЗОРИРААТ НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести