БУГАРСКОТО МНР ПОТВРДИ: НЕМА ДА ИМА СРЕДБИ НА БОРИСОВ И ЗАХАРИЕВА СО ИВАНОВ
Од Министерството за надворешни работи ја потврдија информацијата на „Трибуна“, дека премиерот на Бугарија Бојко Борисов и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева нема да се сретнат со претседателот Иванов.
Од пресцентарот на министерството јавуваат дека бугарската Влада не гледа смисла во тоа да биде искористена во внатрешно политичките дебати во Скопје.
