ЖАЛНА ВЕСТ: ПОЧИНА МАЛИОТ ИЛЧЕ ОД ОХРИД

//

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишшниот Илче, штитеник на Специјаниот завод Демир Капија.

11-годишниот Илче, долго време живеел без родителска грижа во Охрид, а според изјава на директорката на Центарот за социјални работи Охрид, детето не било искапено една година, со недели не јадело ништо повеќе од чаша млеко дневно, а неподвижно и беспомошно лежело на чергиче во една соба во куќа.

Починатото момче било згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно било пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.



Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт.



Претходна статија

БАКУ И ЕРЕВАН СО ОФИЦИЈАЛНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ЦИВИЛИ

Следна статија

(ВИДЕО/ФОТО) „СИНОТ КОСТАДИН“ ПО СТАПКИТЕ НА „БОГОТ ГРУ“

Најново од Вести