| |

Одбележуваме 109 години од раѓањето на еден најдобрите оперски пејачи македонскиот Бугарин Борис Христов

На 18 мај 1914 г. во Пловдив е роден Борис Христов кој се смета за еден од најдобрите оперски пејачи во светот. Тој е роден во семејството на револуционерот на ВМОРО од Битола Кирил Совичанов, главен уредник на списанието Илустрација Илинден и водач на Илинденската организација во Бугарија. Уште како дете бил пејач во хорот на патријаршискиот храм Свети Александар Невски во Софија и солист во хорот „Гусла“. Завршил право во Софискиот универзитет. Во 1942 г. со подкрепа од страна на Цар Борис III заминал во Милано, Италиjа за усовршување на пеењето. Во наредните години кариерата на Христов го одвела кон врвовите на светската опера – настапувал во прочуената оперска сала Ла Скала во Милано, операта на Рим, Ковент гарден во Лондон, Метрополитен опера во Њујорк, а исто така и во уште многу светски центри на операта – Париз, Барселона, Лисабон, Неапол, Рио де Жанеиро, Сан Франциско и други. Поради критизерскиот став кон комунистичките власти немал право да се врати во Бугариjа се’ до 1967 г. на погребот од мајка му. По 1970 се’ поретко настапувал, а неговиот последен концерт бил одржан во Рим, на Бугарската академија, 1986 г. Умира 1993 г. а погребен е во Бугариjа. Неговите наjпознати оперски улоги се од опери на Џузепе Верди и руски композитори како Модест Мусоргски.

Во 1968 г. композиторот Кирил Македонски му испратил писмо, со кое го известува за напишаната од него опера САМУИЛ, и го прашал Борис Христов дали би се согласил да му ја испрати партитурата на операта за проценка и евентуално одобрение и да отговори, дали е готов да пее на премиерата во Скопје. Б. Христов пројавил интерес кон операта и побарал од него да му го испрати либретото и нотниот материјал. Кога видел дека Самуил е титулиран како македонски цар тој го откажал учеството со следното писмо:

“Господине Македонски,

Ја добив програмата на „вашиот“ Цар Самуил за скопската сцена. Зошто ми ја испративте не можам да разберам, кога Вие го знаете одамна моето мнение, кое е мнение и на секој Бугарин. Мачен впечаток ми направи предговорот на Д. Ташковски, кој е полн со смешна содржина и со изопачување на историските вистини, кои не можат да направат впечаток дури на неуки луѓе. Вие знаете, дека мојот род произлегува од тој крај на Бугарија, во кој што Вие живеете и кој се нарекува Македонија, која била и ќе биде центар на најздравиот Бугарски национален дух, така како цар Самуил што бил и ќе остане во светската историја цар Бугарски.

12 јануари 1969 г. Борис Христов“



Слични Објави