| |

ХАН ИЗРАЗИ УВЕРУВАЊЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ СЛЕДНАТА ГОДИНА

Во разговор за европскиот весник „Политико Европа“, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека е “уверен“ дека преговорите со Македонија и Албанија ќе почнат следната година. Во интервјуто Хан објаснува и дека со двете земји е почната подготвителната работа, што претходи на отворањето на преговорите со ЕУ. Македонија треба да спроведе реформи во безбедносните служби, јавната администрација и борбата против корупцијата, вклучително и високиот криминал. Еврокомесарот потсетува дека граѓаните на Западниот Балкан “имаат право да станат ЕУ граѓани“ и дека ЕУ се “соочува со избор дали ќе извезува стабилност во регионот или ќе увезува нестабилност во ЕУ“.

 

Слични Објави