| |

Поетското остварување „Одбројување“ на современиот бугарски автор Владислав Христов издадено и во Скопје

Во издание на скопската издавачка куќа „ПНВ Публикации / PNV Publishing“ неодамна од печат излезе поетската книга „Одбројување“ на современиот бугарски поет Владислав Христов. Ова е значаен културен настан, со кој читателите од Република Северна Македонија добиваат шанса да се запознаат со еден од највпечатливите современи поети од соседна Бугарија, јавува БНР.

Препевот на песните е дело на Иван Шопов, а изданието е резултат на посветената работа на Јулијана Величковска, писателка и преведувачка, основач на „ПНВ Публикации“.

Книгата веќе доби високи оценки од критичарите. Поетот Владимир Левчев истакнува дека поезијата на Христов „со својата измамна едноставност крие сериозно поетско мајсторство“, а стиховите се „прости и јасни како заснежено поле, под кое егзистира вистинско присуство“.

Поетесата Иглика Дионисиева во својата рецензија ја нарекува книгата „најоптимистичната која ја има прочитано во последно време“. Таа укажува дека „одбројувањето“ во поезијата на Христов може да значи и ново раѓање, но и предупредување за човечката небрежност кон планетата и животот.

Слични Објави