| |

Нејнски: Ново преговарање со РС Македонија ќе ја отвори Пандорината кутија

„Нема ништо лошо во тоа, да се покаже добра волја и желба да се бара решение за проблемите во случајот меѓу Бугарија и Северна Македонија. „Мислам дека постои поле каде што можеме да разговараме и да најдеме решение за случајот, така што тоа ќе ги задоволи двете страни“, изјави поранешната министерка за надворешни работи Надежда Нејнски во утринската програма на бугарската тв БТВ.

Договорот создаде добра основа за градење доверба. Сè што треба да се направи отсега е да се надгради овој договор. Потрагата по нов договор, повторното преговарање, ќе ја отвори Пандорината кутија и ќе овозможи одредени кругови да бараат политички дивиденди во двете насоки“, рече Неински.

Според неа, секакви егзотични идеи во моментов ја ослабуваат бугарската позиција. Нејнски смета дека Бугарија треба да покаже единство во својата позиција кон Северна Македонија и да води исклучително активна дипломатија.
„Убедена сум дека има кругови кои сакаат да ја разнишаат довербата на бугарското општество во нејзините партнери во ЕУ и НАТО, но верувам дека новата бугарска влада ќе најде начин да ги преброди овие стапици“, вели Надежда Нејнски.

Слични Објави