| |

Ученици од бугарско училиште во Виена им оддадоа почит на загинати бугарски војници во Балканските војни и Првата светска војна

Ученици од бугарското училиште „Св. св. Кирил и Методиј“ во Виена учествуваа на комеморативна церемонија во спомен на бугарските војници загинати во периодот од 1912 до 1918 година, соопшти училиштето на својата фејсбук-страница, пренесува Радио Бугарија.

Церемонијата, организирана од Амбасадата на Бугарија во Австрија по повод Архангелова задушница, се одржа на Централните гробишта во Виена, пред споменикот на седумтемина бугарски офицери и војници загинати за време на Балканските војни и Првата светска војна.

Учениците го изведоа рециталот „Споменот живее во нас“, посветен на зачувувањето на историската меморија.

На комеморацијата присуствуваа бугарската амбасадорка Десислава Најденова-Господинова, претставници на дипломатската мисија и на бугарските училишта во Виена, како и воени претставници. Заупокоена молитва за загинатите отслужи отец Петкин.

Од училиштето истакнаа дека учеството на децата има посебно значење бидејќи, иако се родени и растат надвор од Бугарија, ја одржуваат врската со својата земја преку јазикот, историјата и зачувувањето на спомените за минатото.

Слични Објави