| |

Во Основниот суд во Кочани денеска продолжува судењето на Ива Михаилова

Во Основниот суд во Кочани денеска е закажано ново рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство, а е обвинета за тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот, по несреќа во октомври 2025 година во која загинало едно лице, јави БТА.

Рочиштето треба да се одржи во отсуство на Михаилова, а одбраната се очекува да ги презентира своите вештачења за околностите на несреќата.

Клучното прашање во постапката е кој од двата автомобила навлегол во спротивната сообраќајна лента. Според вештачењето на обвинителството, Михаилова преминала во спротивната лента, додека одбраната тврди дека другиот автомобил навлегол во нејзината лента. Еден од сведоците изјавил дека Михаилова не ја напуштила својата сообраќајна лента.

По несреќата, на Михајлова ѝ биле одземени документите, а судските органи не ѝ дозволиле лекување во Бугарија, и покрај доставената медицинска документација.

На 12 октомври беше објавено дека Михаилова се наоѓа во Бугарија, каде што била хоспитализирана во болницата „Пирогов“, што предизвика тензии меѓу Софија и Скопје.

Михаилова и нејзиниот бугарски адвокат тврдат дека границата ја преминала преку официјален граничен премин, додека македонското МВР соопшти дека нејзиното излегување од земјата не е регистрирано. По барање на обвинителството, судот ѝ одреди 30-дневен притвор, а МВР распиша меѓународна потерница по неа.

Слични Објави