Проектот „Заедно во приказниот свет на Бугарија и Ирска“ доби Вазова литературна награда за деца
Проектот „Заедно во приказниот свет на Бугарија и Ирска“, создаден од бугарското училиште „Рајна Кнегиња“ во Даблин во соработка со бугарското училиште „Васил Левски“ во Шанон, беше награден со Вазова литературна награда за деца за време на годинешните Вазови денови во Сопот, јавува Радио Бугарија.
Како што информира тимот на училиштето „Рајна Кнегиња“ преку нивната страница на Фејсбук, двојазичната книга со приказни од двата народа претставува културен мост помеѓу Бугарија и Ирска.
„Оваа награда е признание за наставничките Зорница Гоган и Даниела Георгиева и, пред сè, за учениците што учествуваа во проектот – за нивниот труд, упорност, истрајност и вложените напори за реализирање на оваа идеја“, истакнува раководството на училиштето во Даблин.
Проектот беше реализиран со поддршка на Извршната агенција за Бугарите во странство и Амбасадата на Бугарија во Даблин.
Инаку, бугарското училиште „Рајна Кнегиња“ во Даблин е основано во 2020 година, а од 2023 година има и подружница во Корк.