|

Дводневен состанок на министрите за одбрана на НАТО

Министрите за одбрана на НАТО ќе се состанат денеска и утре во Брисел при што се очекува да покренат план за формирање четири мултинационални борбени групи во југоисточна Европа како одговор на руското воено засилување во Украина, изјавија тројца дипломати за Ројтерс. Овој потег ќе биде најголемата промена на позицијата на НАТО откако ги постави своите борбени групи во Естонија, Литванија, Летонија и Полска – поддржани од тенкови, противвоздушна одбрана и единици за разузнавање и надзор – како одговор на руската анексија на Крим во 2014 година.

Извор: zoom.mk



Слични Објави