Митрев: Пописот во РС Македонија беше фарса и резултатите нема да бидат релевантни
„Пописот беше една фарса којашто се изврши во Македонија и мислам дека резултатите од пописот нема да бидат релевантни“. Ова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија го изјави претседателот на Здружението за македонско-бугарско пријателство Добре Митрев. Тој истакна дека се попишал како Бугарин иако имало одредени нерегуларности во текот на целиот процес. Митрев додава дека пописот бил желба на двајца лидери кои имале желба да докажат дека во Македонија може да се спроведе попис после долг период на време.
„Попишувачите ги прашувале граѓаните кои сакаат да се декларираат како Бугари, дали имаат државјанство или бугарски пасоши. Дали пасошот е доказ за да се попишете како сакате? Има поплаки и поднесени се до ДЗС, но сѐ уште нема реакција. Ќе ги видиме резултатите, ќе покаже времето“, рече Митрев.
