| |

Митрев: Дали во македонските институции има некој кој што е примен како Бугарин на работа?

„Дали во македонските институции има некој кој што е примен како Бугарин на работа?“, ова прашање го постави претседателот на Здружението за македонско-бугарско пријателство Добре Митрев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
„Ако Бугарите влезат во Уставот тогаш ќе имаат право на сите бенифиции што ја дава македонската држава“, изјави Митрев. Тој подвлече дека во ниту една институција во РС Македонија нема ниту еден вработен по квота како Бугарин и даде пример со оглас за вработување во Управата за јавни приходи каде што има место за сите делови од народи Албанци, Роми, Срби но нема место за Бугарите. Митрев појасни дека не е поборник за вработувањата по квоти, но бидејќи македонската држава функционира по тој принцип, треба да има квоти и за Бугарите.

„Јас не сум поборник луѓето да се вработуваат по квоти, но македонската држава функционира на овој начин и ако веќе е така тогаш и Бугарите нека бидат вработени по квоти“.
Митрев истакна дека тоа е една од причините Бугарите во Македонија да се чувствуваат дискриминирани. „Сте виделе ли Бугарин судија? Нема!“, изјави претседателот на Здружението за македонско-бугарско пријателство Добре Митрев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Слични Објави