| |

Министерството за внатрешни работи на Бугарија денеска го слави својот професионален празник

Министерството за внатрешни работи на Бугарија денеска го слави својот професионален празник, јавува БГНЕС.

Вработените во Министерството беа поздравени од министерот Даниел Митов.

„Чест ми е да вe поздравам по повод 146 години од основањето на Министерството за внатрешни работи. Најсилното оружје на МВР е меморијата, акумулирана од генерациите службеници. Нашата мисија е успешно и мирно да ја водиме бугарската држава кон подобра иднина“, истакна Митов во своето обраќање.

Тој додаде дека од следната година МВР ќе започне да го користи еврото како валута. „Ова не е првпат МВР да користи европска валута. Набргу по ослободувањето, таква валута бил франкот“, потсети министерот.

Годишнината беше одбележана со свечена церемонија пред Споменикот на Незнајниот војник, каде што беше извршен водосвет на знамињата и положување венци и свежо цвеќе.

МВР е едно од првите министерства формирано по ослободувањето на Бугарија и обновувањето на бугарската државност. На 5 јули 1879 година, кнез Александар Батенберг го потпишал Указот број 1 за создавање на Министерството за внатрешни работи и го назначил Тодор Бурмов за министер за внатрешни работи, министер за просвета и прв претседател на Владата.

Од 1945 до 1992 година празникот не се одбележувал. По предлог на Националниот полициски синдикат, од 1992 година 5 јули повторно е прогласен за официјален празник на вработените во Министерството за внатрешни работи на Бугарија.



Слични Објави