МЕЃУНАРОДНА СРЕДБА НА КНИЖЕВНИ ПРЕВЕДУВАЧИ

„Ритамот на книжевниот превод“ е темата на годинашниот симпозиум во рамки на Меѓународната средба на книжевните преведувачи која денеска и утре се одржува во Лешочкиот манастир…

На традиционалната средба на која учествуваат околу 40 книжевни преведувачи од Македонија и од странство воведно излагање ќе има Мехмет Кансу од Турска Република Северен Кипар. Во попладневните часови пак, во манстирската црква „Пресвета Богородица“ ќе биде одржан традиционалниот митинг на читање преводна литература.



Слични Објави