| |

ЕКСПЛОЗИЈА ВО КАИРО ГОЛЕМ БРОЈ ЗАГИНАТИ И РАНЕТИ

Деветнаесет лица загинаа, а 30 други се повредени во експлозија во близина на медицински центар во египетската престолнина Каиро, соопшти утринава Министерството за здравство, јавуваат светските медиуми.

Експлозијата пред Националниот институт за онкологија се случила доцна синоќа, по судир во кој учествувале повеќе автомобили, во јужната област Ал-Маниал, се вели во соопштението на Министерството. Првично, министерството јави дека во инцидентот загинале 16 лица, а 21 други се повредени. Експлозијата, исто така, предизвика и голем пожар, што во меѓувреме бил изгаснат, јавија државните медиуми.

Министерството за здравство соопшти дека пациентите од Центарот за онкологија се евакуирани во други болници низ Каиро. Експлозијата ја потресе областа околу реката Нил и ги испокрши прозорците во медицинскиот центар, што го посетуваат пациенти од цел Египет, изјавија сведоци.

Слични Објави