(ВИДЕО) КОВАЧЕВ: ЗАЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ ПОХРАБАР, НЕ САКАМЕ МЛАДИТЕ ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДА УЧАТ ДЕКА ТРЕБА ДА ЈА МРАЗАТ БУГАРИЈА

//

„Парламентарните избори во Бугарија немаат никаква врска со нашата заедничка историја со Северна Македонија, како што се тврди во Скопје. Нема начин да се направи компромис со бугарската историја“ изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во утринската програма „Бугарија наутро“ на бугарската телевизија „Бугарија Оn Air“.

„Мора да има уште поголема храброст од страна на г. Заев да го исполни договорот за нашата заедничка историја. Ако се плашат да ја кажат вистината, тогаш навистина треба да се најдат други механизми. Зошто постои ЕУ – за да не се мразиме за да не се тепаме … Овие спорови мора да се решат во рамките на ЕУ. Не сакаме да имаме млади луѓе кои ќе учат во училиште, дека треба да ја мразат Бугарија“, категоричен е Ковачев.

“Ние први ги признавме, им дадовме воена опрема, им помогнавме во европските интеграции, покажавме само добрина. Од друга страна, видовме дека тие уште се наоѓаат во југословенска носталгија и не сакаат да направат чекор кон надминување на неединството”, додаде тој.



Претходна статија

ГДУ: ЧЕСТИТКИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА КОНСЕНЗУСОТ КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Следна статија

НОВО РОЧИШТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „ТИТАНИК“

Најново од Вести