| |

Ѓорѓиевски: Палењето на автомобили на бугарското дипломатско претставништво во Скопје е повеќе од криминален чин

Палењето на автомобили на бугарското дипломатско претставништво во Скопје е повеќе од криминален чин. Тоа е директна последица на долгогодишно поттикнување антибугарска омраза, политичка неодговорност и системско демонизирање на Бугарија и Бугарите, стои во реакцијата на Љупчо Ѓорѓиевски, прв човек на забранетиот бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола.

„Додека претставници на власта зборуваат за европски вредности, во практика се создава атмосфера во која ваквите напади стануваат можни. Кога омразата се толерира, таа неизбежно преминува од зборови во дела.

Овој случај е уште еден доказ за неопходноста од решителен меѓународен и европски притисок врз еден режим кој сè почесто демонстрира антиевропско однесување и репродуцира практики што Европа одамна требало да ги остави во минатото.

Очекуваме итно откривање и казнување на сторителите. Секое одложување или обид за минимизирање на случајот ќе биде сфатено како молчеливо охрабрување на антибугарското насилство.

Нападот е против бугарската држава, против европските вредности и против правото на Бугарите во Северна Македонија да живеат слободно и достоинствено.

Доста е. Европа треба да ги отвори очите“, стои во реакцијата на Ѓорѓиевски.

Слични Објави