| |

DARA понуди да пишува песни за британскиот претставник на „Евровизија 2027“

Актуелната победничка на „Евровизија“, DARA, изрази подготвеност да го стави својот авторски талент на располагање на Велика Британија и да помогне во обидите земјата да ја прекине серијата разочарувачки резултати на натпреварот, јавува Актуално.

Во интервју за британскиот таблоид „The Sun“, пејачката, која победи на „Евровизија 2026“ во Виена со песната „Bangaranga“, изјави дека со задоволство би соработувала со британската делегација како автор на песни.

Нејзината понуда доаѓа во период кога Би-Би-Си официјално ја започна потрагата по претставник на Обединетото Кралство за „Евровизија 2027“ во Бургас.

Интересот на DARA за Обединетото Кралство, според „The Sun“, не е ограничен само на „Евровизија“. Пејачката посочила и дека може да се замисли себеси како живее во Лондон, што би можело да создаде можности за идни соработки со британски музичари и продуценти.

Слични Објави